Артан Груби е во право кога Коридорот 8 го нарече албански коридор, стои во соопштението на партијата ТМРО, која смета дека, наш македонски национален интерес не е автопат Скопје- Тирана-Приштина-Скопје, кој би се плаќал со македонски пари а не е за македонски интереси.
-На источниот дел коридорот 8 нема автопат, а граничните премини кај Паланка, Делчево и Струмица се очајно лоши со по една тесна лента па се чека со часови за влез а патната поврзаност е по козји патеки. Македонците од двете страни на границата немаат можност за нормална комуникација и затоа е неопходно автопатско поврзување Скопје- Софија -Солун- Скопје, како национален македонски интерес. Зоран Заев во 2018 година, ако е се сеќавате, најави автопат за Софија но испадна лага. Денес Груби го нарече Коридорот 8 како албански коридор и вистина зборува, смета претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.
ТМРО бара Обвинителството и МВР веднаш да го спречат, како што тврди „овој 1,3 милијарди евра тежок криминал“.