Се славеше љубовта, музиката и тетатарот! Се славеше враќањето на една култна манифестација, која после 17 години повторно ја насмеа и закова публиката пред сцена!
Се е„Глумците пеат“, една од најдобрите манифестации кај нас, која поленеше сали од своето постоење па до 2006 година, кога за жал згасна.
Нејзиниот основоположник Марин Бабиќ веќе не е меѓу нас, но тука се неговите ќерки Маја и Ира, кои вчера вечерта во НОБ го остварија неговиот аманет – да ја возобноват, да им ја вратат на публиката.
А колку публиката со душа ја чекаше се виде вчера вечерта, салата полна, луѓето расположени и за смеа и за аплауз. А имаше и за што да се смеат и да аплаудираат. Актерите, од речиси сите театри во државава, не се штедеа, приредија спектакукарно шоу за паметење, само како што тие знаат да направат.
Публиката толку се забавуваше што ги прости и фалширањата иако рака на срце имаше актери кои воодушевија со својот талент. Па запеаја и опера, и поп и фолк, и домашно и странско, а цела сала стана на нозе кога се појавија трубачите.
Целата таа атмосфера е доказ зошто „Глумците пеат“ треба ги има, треба да опстојува и треба да биде традиција.
Од Жарко, Бојан, Тина, Јелена, Дац, Бејби, Зафирчев, Тања Кочовска, Гордана, Атанас и Тино, па до Маја, Петар, Жаки, Нина и други актери ги покажаа пејачките способности. Се слушнаа песни од Тоше, Калиопи, Маја Оџаклиевска „Студени нозе“, Есма, Уснија и од многу други уметници со нивните познати хитови и евергрини.
Браво за Маја и Ира и напорите што во ова сиво време им дарија насмевка на лицата на сите присутни. Цели три часа се пееше, се аплаудираше, се смееше, се воодушевуваше на богатата програма.
Крајот особено покажа во која насока треба да се движат работите. Да не остане само обид да се врати, туку навистина оваа квалитетна манифестација да продолжи да чекори напред, бидејќи тоа го заслужува.
Весна Миленковска
Фото: Вангел Тануровски: