Македонкиот Џокер вчеравечер на социјалните мрежи ја објави својата нова песна со наслов „Такси“ и за само неколку предизвика бура од коментари…
Она што е интересно, е тоа што сцените од видеото буквално наликуваат на акционен филм, во која главната улога ја има токму Џокер.
„Склоп на секојдневни ситуации: „Викни такси, дојди кај мене, сам сум“. Сигурен сум дека ќе се пронајдат многумина. Од таму ми дојде идејата, не дека е лична моја приказна“ – накусо изјави Џокер за идејата за оваа песна.
Тој ветува дека наскоро ќе ја изненади публиката со уште една нова песна, за која како што вели, ќе биде нешто ново и нетипично за нашата музичка сцена.
Џокер се потпишува како комплетен автор на неговата песна, а исто така негова беше и идејата за видеоспотот, кој го снимаше младиот режисер Дарко Јовановски…