Компанијата „ИКЕА“ повлекува од својот асортиман производ наменет за деца поради опасност од задушување.
Станува збор за риболовната игра „БЛÅВИНГАД“, соопштија од овој трговски синџир, пренесува Мондо.рс.
„ИКЕА апелира до сите клиенти кои ја поседуваат БЛÅВИНГАД риболовна игра мултиколор да престанат да ја користат и да контактираат со ИКЕА за целосно враќање на парите. поради потенцијална опасност од задушување“, се наведува во соопштението.
Во соопштението се додава дека ИКЕА ги развива своите производи користејќи ригорозна програма за проценка на ризик и тестирање за да се осигура дека производите ги исполнуваат сите важечки закони и стандарди на пазарите каде што се продаваат. „Сепак, забележавме дека малите нитни на играчката може да се откачат, што доведува до потенцијална опасност од гушење, особено за помалите деца. Затоа ја повлекуваме играчката за риболов БЛÅВИНГАД, мултиколор“, објаснуваат од компанијата.
Заедно со објавеното извинување за непријатностите, објаснија и дека производот може да се врати во која било стоковна куќа ИКЕА. Како што е најавено, парите ќе им бидат целосно вратени на клиентите, а доказ за купување, односно фискална не е потребена, пренесува мондо.рс.