Српската параолимпијка Дејана Бачко на социјалните мрежи објави видео на кое ја облекува својата ќерка со помош на нејзините нозе, што предизвика воодушевување кај многу корисници.
Дејана Бачко, попозната како „Девојчето со крилја“ е српска шампионка во паратаеквондо, која неодамна стана мајка. Таа секојдневно на социјалните мрежи објавува слики и видеа како ги поминува деновите со својата ќерка Лара, а овој пат ги воодушеви корисниците со видео на кое ја облекува со стапала.
Дејана секојдневните активности ги извршува со помош на нозете и, иако и беше поставен нов предизвик, успеа да покаже како е можно да се облече нејзината ќерка, што предизвика воодушевување на социјалните мрежи.
„Пеперутка на мама“, напиша Дејана со видеото кое го објави.
Коментарите под објавата само се слеваат, луѓето се полни со восхит од упорноста и грижата на Дејана и не им недостига да ја поддржат оваа мама борец.
“Поклони до земја! Браво мајко! Браво!”, „Храброста, снаодливоста, љубовта, способноста да се движи по „незамисливото“ дефинитивно ќе бидат пример за неа“, „Ти си жена кралица!“, “Ти се восхитувам“, “Браво прекрасна жена. Длабоко поклонување кон тебе и твојата импресивна личност. Ти си љубов, а љубовта може се’!”, „Солзи од среќа и длабока почит кон тебе“, се само дел од коментарите.