Причините за железничката несреќа кај Темпи, во која загинаа 57, главно млади луѓе, извади на површина Грција голем број на неправилности, но генерално се сведува на „уморни лични причини од прекумерна работа и „неискуство“ бидејќи критичните позиции биле пополнети од луѓе со мало искуство. Ова го изјави Илиас Тревлос, член на Управниот одбор на Железничката федерација на Грција, кој кажа дека нема доволно нов обучен кадар.
-Во регионите каде што проектите не се завршени, системите за следење на сообраќајот и безбедно работење не се завршени, нема доволно персонал, нема доволно нов обучен кадар. Има многу работници, кои не смеат да бидат на такви позиции и специјалности“, изјави Тревлос
Истовремено, тој откри дека има скретничари, кои се клучни за функционирањето на возовите, а имаат само шест месеци искуство. Некои од вработени, работат без одмор меѓу 25 и 30 дена месечно, некогаш без ниту еден слободен ден. Тревлос рече дека ако некој работник работи континуирано бидејќи нема кој да го замени, без слободен ден, нормално е и очекувано да направи грешка.
Грција и железницата се соочува со недостиг на работници.
-Во моментов Железници – Грција има околу 740 вработени, од кои само околу 210 се нови кадри, додека останатите се на граница за пензионирање и прашање е кој ќе ги замени. Од 130 до 140 луѓе се пензионираат секоја година“, кажа Тревлос.
Трагедијата кај Темпи откри дека делови од железничката пруга се во лоша состојба затоа што не само што нема кој да ја одржува, туку и да ја контролира, а исто така нема системи за контрола на човечка грешка.
Thessalonica Press