Од утре ќе има зголемување на цените на некои лекови, кои се издаваат без рецепти, најави денес Здружението на фармацевти
Имер Имери, потпретседател на Комората на фармацевти за ТВ Алсат, потврдил дека вакви најави добиле од фармацевтските компании, дека од 1-ви март ќе дојде до поскапување на лековите, но не и за лековите кои се на позитивната листа или се земаат со лекарски рецепт.
„Имаме официјална информација од компаниите дека поскапување, особено од 1 март, ќе има кај лековите ОТЦ, каде поскапувањето ќе биде видливо, а нема најава за лековите од позитивната листа и другите лекови кои се земаат со лекарски рецепт. Поплаки има и од граѓаните. Тие се во право, има некои лекови кои недостигаат на фармацевтскиот пазар, како што се лекови за епилепсија кои одамна ги нема, а има и некои други лекови за срце кои лекарите ги препишуваат“ – вели за телевизијата Имер Имери, потпретседател на Комората на фармацевти.