За време на посетата на старечки дом, принцезата од Велс, Кејт Мидлтон решила да ги покаже своите кулинарски вештини кои за малку ќе завршеле со катастрофа откако решила да помогне во правењето палачинки.
Принцезата од Велс се обидувала да направи палачинки со пензионери во дом за стари лица, а видеото од овој „маневар“ набрзо стана хит на социјалните мрежи.
Луѓето беа поделени, а некои ја охрабрија да продолжи да се обидува, додека други истакнаа дека е срамота затоа што не може да направи ни палачинка.
„Како ги правите за вашите деца и дали некогаш сте ги направиле“, „Срамота, таа само позира и се појавува на настани, не и е грижа за ништо друго“, „Принцезата смее да не знае да држи тава“, се само дел од коментарите.