На гробиштата Нурдаги во турската провинција Газиантеп наскоро веќе нема да има места, а многу свежо ископани гробови немаат натписи, имаат само парче облека на закопаната жртва за некој да може да ги идентификува, пренесува порталот Ало.рс.
Сади Учар, кој пред неколку недели купил стан во нова зграда, самиот ги погребал своите родители.
-Копав за да ги извлечам мајка ми и татко ми. На крајот со свои раце копав за да ги закопам – рекол овој несреќен човек.
Камионите на мртовечницата се преполни, чекаат ред за да им бидат погребани, а таму се и бројни имами, кои исто така чекаат, а во меѓувреме читаат молитви, понекогаш и за десет жртви одеднаш.
Повеќе од 40 отсто од населението на овој град можеби веќе не е живо – изјави Садик Гунеш, имам во Нурдаги, додавајќи дека повеќе не знае колку луѓе погребал од понеделникот, а дека погребите продолжуваат и ноќе, пренесува Ало.рс.