Во отежната услови, по замрзнати патишта, тимот од осум пожарникари од Струмица, како дел од првата група од 29 спасувачи од Македонија се очекува доцна попладне да стигнат во Адана, Турција. На пат се од вчера, а таму се распределени да помогнат на настраданите.
Како што не’ информира Александар Гудев, командир на струмичката Територијална противпожарна единица (ТППЕ), од нив е побарано да испратат уште еден колега, кој иако е обучен пожарникар, ќе ја има и улогата на преведувач. Тој тргнува заедно со втората група спасувачи од Македонија, покрај тие од Гевгелија, Штип, Кавадарци.
-Нашите спасувачки тимови кои се соодветно обучени за помош на вакви несакани настани се подготвуваат да стигнат во Турција, во местата каде што има поголема потреба и со сите сили и можности ќе се потрудат да помогнат со своите капацитети, соопштија од ТППЕ од Струмица.