Раното утро во Турција започна застрашувачко.
Десет града беа погодени од два силни земјотреси поради кои според податоците се урнаа 1.710 згради, а од час во час се зголемува бројот на повредени и загинати.
Оние кои имаа среќа да преживеат талкаат по улиците во очај, додека спасувачите од целата земја брзаат да помогнат да спасат уште неколку животи на затрупаните под купот бетон и урнатини.
Врисоци, повици, плач и очај се единствените работи што може да се слушнат во градовите кои некогаш изобилувале со живот, музика и смеа.
На социјалните мрежи се појавуваат страшни видеа од погодените градови. По гледањето на тие кратки клипови, секој збор или коментар станува излишен.
Погледнете ги видеата од социјалните мрежи: