Луѓето кои се во врска си разменуваат бакнежи како одраз на љубовта што ја чувствуваат меѓусебно.
Сепак, постојат и такви кои не ја сакаат ваквата нежност, дури и кога меѓу нив постои голема приврзаност. Доказ за тоа е и дваесет и тригодишната, Кендал Грув која стана ѕвезда на социјалните мрежи откако откри дека никогаш го нема бакнато своето момче, иако се заедно веќе две години. Таа вели дека го чекаат вистинското време и двајцата се едногласни дека тоа е најдобро за нив.
Девојката во една од своите објави на ТикТок објаснува дека ова е нејзина прва љубовна врска. Со партнерот и двајцата се христијани, па затоа си ги почитуваат меѓусебните граници. Нивната врска не подразбира никаков физички контакт и наводно на двајцата им одговара таквиот начин на функционирање.
Тиктокерката вели дека не се занимава со чудните реакции кои ги добива од луѓето, ниту пак со нивните злобни коментари.
„Нашиот брак ќе биде благословен, дозволете ми да ви го кажам тоа“, истакнува таа во една од објавите.
Нејзиното сведоштво наиде на исмевање од страна на корисниците на ТикТок, па таа одлучи на шеговит начин да демонстрира како се поздравуваат.
@kyndelgrove this dip be good #christiantiktok #christiangirl #christianrelationships #savingyourself #boyfriend
♬ original sound – Kyndelgrove
Секако, имаше и такви кои ја пофалија посветеноста на Кендал и нејзиното момче.
„Ова е преубаво“;
„Ова е секако во ред и тоа е ваш избор, но тоа не ве прави подобри во однос на луѓето кои имаат друг тип на врска“;
„Посакувам да бев паметна како тебе кога бев млада, напред девојко“, се само дел од коментарите.
Случајот на младата Кендал не е единствен. Меѓу корисниците на ТикТок и претходно имаше такви кои објавуваа дека физичкиот контакт им е неважен во врската и дека за тоа чекаат да влезат во брак.