Ако сте љубител на чоколадни десерти со богата текстура и длабок вкус – Choco Figaro е вистинскиот избор. Овој рецепт е совршен за почеток на денот со кафе или како сладок завршеток на секој оброк. Се подготвува лесно, а резултатот е вистинско задоволство!
Состојки:
- 2 јајца
- 100 грама шеќер
- 100 грама мелени ореви
- 100 грама сечкани ореви
- 3 лажици млеко
- 300 грама чоколадо за готвење
- 180 грама маргарин
- 100 грама бисквити
- 200 грама шеќер (за карамела)
- 2 листа обланди
Подготовка:
Изматете ги јајцата со 100 грама шеќер и ставете ги на тивок оган.
Додадете го маргаринот, искршеното чоколадо, мелените и сечканите ореви, како и мелените бисквити.
Гответе на тивко мешајќи постојано, сè додека смесата не згусне.
Додадете 2–3 лажици ладно млеко и измешајте.
Во друг сад, растопете 200 грама шеќер на средна температура, сè додека не добие карамел боја.
Брзо префрлете го карамелот во главната смеса и веднаш добро промешајте.
Истурете ја добиената смеса врз првата обланда, а одозгора поставете ја втората и лесно притиснете со кујнска даска или тежина.
Покријте со крпа и оставете да се стегне.
Ставете го десертот во фрижидер. Веќе по 2–3 часа е подготвен за сечење и служење. Сечете на коцки или штангли и послужете со кафе или чај.
Совет: По желба, можете да го збогатите вкусот со малку рум или ванила при подготовка а, одозгора може да се декорира со стопено чоколадо.