Уште една трансплантација на органи од починат донор е извршена на 9 август. Трансплантираните пациенти се во добра општа состојба и под постојан медицински надзор и нега, соопшти Министерството за здравство.
Во процесот на трансплантација, како што стои во соопштението од Министерството објавено по повод 13 август, Светски ден на органодонорство, биле вклучени повеќе екипи од хируршки и интерни клиники од клинички блок „Мајка Тереза“.

Од Министерството на пациентите им посакуваат долг живот и добро здравје и се заблагодаруваат на семејството кое во најтешките моменти одлучило да ги донира органите.