Прогресив Академијата за претприемништво и менаџмент со особена посветеност ја продолжува својата мисија за градење на нова генерација лидери и визионери од бизнис заедницата. Во таа насока, со особена гордост ја потврдуваме информацијата дека г. Бранко Азески, еминентен економски експерт и долгогодишен претседател на Стопанската комора на Македонија, веќе е назначен за претседател на одбор на директори на Прогресив Академија.
Како исклучително признат и влијателен глас во полето на економијата и претприемништвото, г. Азески ќе придонесе со своето богато искуство, стратешка визија и силни регионални и меѓународни партнерства во натамошниот развој на Академијата. Неговото активно вклучување во раководењето со Академијата претставува стратешка поддршка во нејзиното позиционирање како референтна точка за современо деловно образование и практична подготовка на идните носители на економскиот развој.

Под негово претседателство, Академијата ќе продолжи да ја унапредува програмската структура, квалитетот на наставата и можностите за вмрежување со реалниот сектор, со цел учесниците да добијат не само знаење, туку и вистински потенцијал за примена на тоа знаење во практика.
Воедно, Ве информираме дека се во тек уписите за петтата генерација учесници на Прогресив Академијата. Програмата е дизајнирана за амбициозни бизнис луѓе и сите оние кои сакаат да го унапредат своето деловно размислување, лидерски капацитет и практични вештини во динамична и поддржувачка средина.
📩 Пријавувањето е отворено преку следниот линк:
🔗 https://forms.gle/AfVwgZ43qevejd95A
Заедно, вложуваме во човечкиот капитал што ќе го движи утрешниот напредок.