На крајот од својот мандат, градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов смета дека исполнил 90 отсто од својата програма, а градот го отворил за нови инвестиции, за што доказ е изградбата на два големи трговски центри. За опозицијата, Сарамандов значајно потфрли, а тоа што до сега е направено е со донаторски пари. За граѓаните, Гевгелија треба да биде отворена општина, каде што властите одлуките ги донесуваат во консултација со тие што ги избрале, што до сега не било слуачај.
Општина без кал, со нови асфалтирани улици, нови сообраќајни решенија, нови паркови, игралишта, нова перспектива за сите генерации- ова во една реченица беше визијата на Андон Сарамандов од ВМРО ДПМНЕ во 2021 година, кога стана градоначалник, или како што самиот за себе рече – за граѓаните тој да биде човек во системот, кој ќе го менува.
Нови трговски центри и инфраструктура
Колку успеа во тоа, различни се ставовите, во зависност од тоа кој прашувате. Актуелниот градоначалник, кого неговата партија го потврди како кандидат за втор мандат, вели дека направил економско раздвижување на градот, во што помогнала и зголемената даночна дисциплина. Веќе за некој месец се очекува да заврши изградбата на два големи трговски центри од 7.000 и 22.000 квадрати, што заедно ќе апсорбираат 400 работници.
Сарамандов оценува дека успеал да реализира 90 отсто од програмата, а биле вклучени и нови барања од граѓаните. Меѓу најзначајните проекти е новото поврзување на Гевгелија со ГП Богородица, но и три водоснабдителни системи во Негорци, Богородица и Прдејци. На почетокот на мандатот се зафатил со поставување на атмосферска канализација во градот, со што е направена превенција од поплавување.
-Поставивме атмосверска канализација во должина од 8000 метри, што на почетокот беше со резерва прифатено од моите сограѓани бидејќи нема подземен катастар, а во централното градско подачје беше раскопано можеби 18 месеци, и по завршувањето и од денешен аспект, овој проект ни е од голем бенефит на сите. Бидејќи сите силни врнежи сега атмосверската канализација ги апсорбира со овој проект градот ние покриен со 80% со атмосверска канализација, а со повикот од Владата со проектите со кои имаме аплицирано повторно имаме аплицирање на проект со уште пет нови улици, со што со атмосверска канализација градот ќе биде покриен со 90 отсто, изјави Сарамандов.
Поделени ставови за Западниот булевар
Градоначалникот Сарамандов вели дека изградени се два големи паркови, поставени се фотоволтаични централи, работи новата депонија, а во делот на спортската инфраструктура ја истакнува реконструкцијата на Старата соколана. Особено е горд на изградбата на Западниот булевар, значајно инфраструктурно решение за градот.
-Проект кој бараше многу време, многу енергија, со кој ќе решиме деценсиски проблем на градот кој го создав транспорт возил во централниот градски дел, а особено пред ОУ Крсте Мисирков. Исто така како значајна делница која беше изградена во овие три години е новото поврзување на градот Гевгелија со ГП Богородица со оглед на големите гужви кои се во летниот период, а од друга страна, овој патен правец придонесува за нови инвестиции во тој дел од општината, кој е Милци, каде има простор за нови инвестициони вложувања, кажа градоначалникот Сарамандов.
Меѓутоа, опозцијата од СДСМ смета дека Сарамандов токму со овој проект најмногу потфрлил. Миле Атанасов од СДСМ ги набројува, како што рече, сите нереализирани проекти на Сарамандов, со кои победи на последните Локални избори.
-Потфрли на сите нивоа, најмногу во столбот екологија и урбанизам, додека во Топ 10 проектите ништо не сработи со општински пари, односно, за 4 години, околу 20 милиони евра останаа неискористени, потрошени на непродуктивни трошења и ништо капитално не направи. Ќе ги споменеме само дел од капиталните проекти кои ги промовираше во совјата програма, односно катната гаража не ја изгради, базенот што го вети на гевгеличани не го изгради додека водоводните системи што ги претставуваше како Топ 10 проекти беа изградеи од грант од Кфв банката, што беше доделен од претходно. Од капиталните проекти, не изгради ниту една канализациска мрежа ниту во Милетково, Смквица, Ново Конско и други места каде беше ветил. Од Топ 10 проектите, само Западниот булевар го изгради до одредена фаза, кажа Атанасов.
Како Гевгелија да стане поубаво место за живеење?
Ако овој состав на локалната власт не успеал да го направи градот по терк на граѓаните, тогаш што е тоа што ќе ја направи Гевгелија место поубаво за живеење?
-На Гевгелија ѝ недостигаат зелени поврпини и паркови, ѝ несдостига организиран општински превоз, катна гаража, спортски игришта, амфитеатар односно летна сцена за одржување на културни настани. Ѝ недостига мултифунцкионален културен центар. Имаше денови кога гевгеличани имаа најлош амбиент возух во државата и со самот ревирски извештај за општина Гевгелија, се виде дека Гевгелија нема зелен катастар, не се грижи за своето зеленило. На Гевгелија ѝ недостигаат вело патики, изјави Миле Атанасов од СДСМ.
Атанасов смета дека општината ќе биде во функција на граѓаните доколку е транспарентна и општина со интегритет. Тоа е потребата и од аспект на граѓаните, смета Марина Томова граѓански активист, која очекува идната власт да промени цел концепт на владеење.
-Сметам дека треба повеќе да бидат вклучени граѓаните повеќе или на исто ниво како советниците. Треба да се промени цел концепт на работа на градоначалниците и на новите власти, затоа што не ја гледам целосната соработка меѓу граѓаните и институцијата општина – ја има, ама многу малку. За да работиме и да постигнеме нешто, за да ја вратиме довербата, треба да се промени, да се слушне гласот на граѓаните во кој било поглед за клучни работи во општеството, вели Томова.
Очекувања од граѓаните
Марина Томова очекува локалната власт заедно со граѓаните да се бори за почиста животна средина, што сега не е случај, кога траат повеќенеделни блокади на Кожуф со цел да се спречи зафаќањето на питка вода со цел економски интерес на поединци, на штета на сите. -Секогаш е употребува или да кажам се злоупотребуваат зборовите: „За народот, за иднината, за младината“. Пред извесно време тука имаше некоја трибина, а и ќе има и повеќе пред Локалните избори, додека ние сме на 30 километри погоре, на планината Кожуф (блокадите за Дошница н.з.) каде што е народот, каде што е младината, каде што е иднината. И никој не дојде да не посети. Како да веруваме ние во властите дека се за народот, долу се презентира тоа, а додека ние сме таму?! Заштита на животната средина – некој дозволил да ја стави реката во цевка. Значи, кога ќе се слушне народот што бара…тоа им го порачувам на властите – сите трибини кои ги имаат, сите ветувања што ги имаат, сите планови, треба да се праша народот, и да се повика народот да биде присутен таму и постави прашања, а не само симпатизери на истата партија, смета Томова.
Гевгелија на самата граница со Грција, на чекот до ЕУ, ги има сите предиспозиции за силен економски и инфраструктурен развој. Такви се и очекувањата на граѓаните – некоја нова идна власт да создаде услови тоа и да се оствари.
В.К.