Македонскиот боксерски судија Стефан Цубалевски беше нападнат од страна на азербејџански тренер за време на финалето на Европско младинско првенство кое се одржа во Златибор, Србија.
Инцидентот (во видеото на 3:32.00) се случи вчера во финалето до 75 килограми во кое боксуваа Виктор Мајсторовиќ од Србија и Јусуф Агакишијев од Азербејџан.
Тренерот на Агакишијев незадоволен од судењето, прво вербално го нападна Цубалевски, а потоа во втората рунда влезе во рингот и почна да го дави.
Мечот беше прекинат, Азербејџанецот дoби службен пораз, а Србинот го освои златото.