За еден месец 80 лица се сретнаа со министерот Алиу преку „Отворен кабинет”, информираат од Министерство за здравство и додаваат дека, бидејќи министерот утре е во Штип, тогаш штипјани ќе имаат можност да се сретнат со него и да поразговараат.
-Во изминатиот месец 80 граѓани преку алатката „Отворен кабинет” се сретнаа со министерот за здравство Азир Алиу. Барањата, предлозите и сугестиите на граѓаните се предмет на системско постапување во рамки на Министерството за здравство, односно тие се анализираат и проследуваат за натамошно постапување. До овој момент одговорено е и постапено е по 29 отсто од барањата, за еден дел потребни се системски унапредувања кои веќе се иницирани, додека за останатиот дел формирани се комисии за поефикасно постапување по нив, велат од МЗ и потсетуваат:
-Министерот Алиу во текот на утрешниот ден е на терен во Штип, во рамки на иницијативата „Мобилен кабинет”, каде од 12 до 14 часот ќе има средба со граѓани во просториите на Клиничката болница-Штип и сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност директно да ги споделат своите искуства, проблеми или предлози поврзани со здравствениот систем, се вели во соопштението.
За учество на овие средби потребна е претходна пријава преку платформата „Отворен кабинет”, која е достапна преку интернет страницата на Министерство за здравство: https://zdravstvo.gov.mk/