Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска си поднесе оставка.
Ова го потврдија и од Кабинетот на претседателот на собрание, Африм Гаши.
-Кабинетот на претседателот на Собранието ја информира јавноста дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), г-ѓа Татјана Димитровска, денес до Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, поднесе оставка од нејзината функција. Истовремено, ве информираме дека Собранието ке постапи согласно предвидените процедури, велат од Кабинетот на Гаши.
Според процедурата се очекува Собранието да ја констатира оставката и да избере нов член.