Сенад Рамовиќ донираше опрема за Клиниката за детски болести.
-Децата се наголемо наше богатство. Среќата се множи кога се дели! За безброј убави моменти, за непрекинати детски насмевки, за надеж дека новото лето господово ќе донесе здравје во изобилие за сите деца ширум светот, за сите нас! – порача хуманитарецот Сенад Рамовиќ кој со неговата невладина организација Хуманост кон младите донираше медицинска опрема на детска клиника. Донирани се чаршафи, јоргани, јастуци и колички за потребите на клиниката.