Собранието вечерва во рамки на 63. седница со 79 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“ ги усвои измените на Законот за пензинско и инвладиско осигурување, со што ќе се овозможи линеарно покачување на пензиите за 2000 денари.
Како што се посочува во Законот, сите видови пензии, кои се исплаќаат во земјава, на 1 септември 2025 година и на 1 март 2026 година се усогласуваат на начин што вкупниот месечен износ добиен од процентот за зголемување на пензиите пресметан како збир од 50 отсто на порастот на индексот на трошоците на живот и 50 отсто на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во претходното полугодие во однос на полугодието што му претходи, објавени од Државниот завод за статистика, се дели со вкупниот број корисници на пензија кои правото на пензија го оствариле заклучно со 31 август 2025 година, односно 28 февруари 2026 година. Пензиите ќе се зголемат за 2000 денари.
Со измените на Законот за пензиско и инвалидското осигурување се предвидува местото за поднесување на барањето за остварување на право на пензиско и инвалидско осигурување да биде местото на живеење на осигуреникот и се обезбедува соодветно усогласување на пензиите.
Дополнително во законското решение е предвидено одлуката по управниот спор да се донесе во рок од 30 дена, што ќе значи ефикасна и ефективна постапка во остварувањето на овие права.
Пратеничка на ВМРО-ДППМНЕ, Емилја Ангелова истакна дека со усогласувањата кои Владата ги прави и кои ги предвидуваат во овој Закон до септември 2025 годиина пензиите ќе бидат по 19 илјади денари, а во март 2026 година – 40 илјади денари. Потенцира дека тоа покачување од над 50 проценти за две години е конкретен, реален и мерлив напредок.
-Тоа е политика на солидарност, а не политика на статистика. Тоа исправање на неправда што децении ги следи нашите пензионери. Зошто лниеарно, а не само процентуално? Ете некој ќе праша зошто линеарно, а не по некоја формула? Одговорот е едноставен и чесен, затоа што правдата понекогаш бара да ги третираме еднакво оние кои што најмалку имале. Ова е политика на еднаквост, а не математичка рамнодушност. Зошто сега? Затоа што време е за отворање на вратите на социјалната правда. Ова не е обичен предлог-закон. Ова е тест за нашето чувство на одговорност. Нашите пензионери не се бројки. Тие се живи лица со болки во колена, со кредити за лекови, со внуци на кои сакаат да купат книги или зимска јакна. Ова е државнички потег, а не партиска калкулација. Можеби некој ќе рече пред избори сте, сега се сетивте на нив, но јас ќе ви кажам дека ние не се сетивме сега, ние континуирано покажуваме грижа, а со овој закон смао продолжуваме, рече таа.
Ангелова нагласи дека пензионерите не се статистика, туку луѓе. Потренцира дека новата политика треба да биде социјално одговорна, државничка исправна и човечки чувствителна.
Јованка Тренчевска, пратеничка на СДСМ нагласи дека нејзината партија и коалицијата ќе го поддржат законското решение затоа што, како што рече, нивен приоритет бил покачувањето на пензиите, покачувањето на минималната плата, покачувањето на останатите плати.
-Меѓутоа, сакаме да укажеме и на големата измама кон пензионерите кое се прави со оваа законско решение. Јас ќе се обидам да дадам статистички податоци за да ја прикажам состојбата во пензискиот фонд. Според последниот извештај на Фондот за пензиско во државата евидентирание се 556.294 осигуреници со задолжително пензиско и инвалидско осигурување и евидентирани се 344.796 пензионери. Ако бројот на осигуреници го ставиме во сооднос со бројот на пензионери, ќе добиеме дека на еден пензионер имаме 1,6 работници. Ова е најнискиот сооднос досега од независноста на државата. Никогаш досега состојбата не била вака катастрофална. И ова е сериозен сигнал за сигурноста на пензискиот систем, за сигурноста на сегашните и идните пензионери, рече таа.
Тренчевска потенцира дека трансферот од централниот буџет до буџетот на Фондот до крајот на 2025 година е проектиран во износ од 53,5 милијарди денари, близу една милијарда евра, пари што недостигаат во Фондот за да можат да се исплатат пензиите секој месец. Ова, како што рече, е загрижувачки и претставува дополнителен предизвик за стабилноста на пензискиот систем, односно дека дефицитот или дупката во Фондот наместо да се намалува, со лошите политики на Владата постојано се зголемува.
На Тренчевска и реплицираше заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. Потенцира дека 90 проценти од пензионерите ќе бидат премногу среќни и ќе бидат задоволни од ова законско решение. Ова законско решение, како што потенцира, ќе значи подобар живот за пензионерите.
-Кога сме кај математиката, и на Комисија ви кажав дека знаете што е 185 денари, 87 денари, 36 денари. Е тоа беше реалноста кај вас. Тоа го правевте вие секој март и септември. Седум години наназад. За жал и затоа пензионерите дојдоа на тоа дереџе каде што се. Во 2024 година кога дојдов како технички министер да наследам над 2оо илјади пензионери до 14 илјади денари пензија и викавте дека со тие пари се живеело, тоа се ваши изјави и јавно ги кажувавте. Ама гледавме како се живее. На улица беа пензионерите и штрајкуваа. Значи, не се живеело, очигледно. Ова тие ви го кажуваа, а не јас. А на тоа претходеше сето она што се случуваше во 90-те години и тогаш вие сте виновни, тие луѓе кои за жал земаа 14 илјади пензија и помалку од тоа ги оставивте без стаж и без платени придонеси и затоа настрадаа тие луѓе. Сега јас да ви кажувам за математиката – 2.500 денари земаа во септември 2024 година, 2.500 денари во март 2025 година, сега ќе земаат 1.000 денари и 1.000 денари наредната година. Тоа се 7.000 денари на тие што земале 14 илјади денари пензија или кога ќе ги соберете ќе имаат 21 илјади денари пензија. Или ако имате двајца пензионери дома, тоа што вие го кажувавте дека е доволно за живеење, односно 14 илјади повеќе отколку што вие го зборувтавте пред само година дена, рече Велковски.
Собранието вечерва со 63 гласа „за“ ги донесе измените на Законот за здравственото осигурување и на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.