Двајца велосипедисти од Исланд вчера ги удрил автомобил, додека се подготвувале за денес за учество на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ)
-Во 12.09 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, Кумановско, патничко возило ‘фолксваген пасат‘ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н. Б. (42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово,, соопшти МВР.
Од организацијата велат дека децата се добро, но дека денес не се натпреварувале. Иако ова рута не била предвидена,с епак,д ецата замнале да воат кон Свети Николе и кога се враќале назад, кон Куманово, кај селото Зубовце ги удрил автомобилот.
–