По Социјалните мрежи се шири апел за пронаоѓање на прилепчанката Биљана, која веќе ја нема повеќе од 24 часа.
-Луѓе мои помагајте, ве премолувам. Мојата сестра Биљана е исчезната веќе повеќе од 24 часа. Последен пат е видена во село Крушеани од каде заминала со својот автомобил „ауди А4“ со регистарски таблици PP 7822AG, темно мастилна боја. Од таму и се губи секоја трага и мобилниот и е недостапен. Ве молам доколку некој ја забележи да ме контактира мене или некој од моето семејство. Ве премолувам помагајте мојата сестра и мајката на Дори и Таиса да се врати жива, вели во објавата на Фејсбук нејзината сестра Сања Јандреска.