СВР Битола информира дека поднела две кривични пријави против битолчанки за измама и фалсификување.
-СВР Битола поднесе кривична пријава против И.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама” и ,,употреба на исправа со невистинита содржина” и Ј.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување исправи”. Првопријавената И.О. лажно прикажала дека е овластено лице-претседател на Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од Битола, со што довела во заблуда правен субјект од Куманово, односно негов локален застапник- дистрибутер од Битола на тој начин што не го подмирила долгот за извршена испорака и нанела штета во износ од 570.000 денари. Второпријавената, со помош на апликација во нејзиниот телефон, извршила преправка на тековната состојба од Здружението за коњички спортови во рубриката „овластени лица” со намера таквата исправа да се употреби како вистинита. На тој начин, првопријавената како доказ во правниот сообраќај ја употребила фалсификуваната тековна состојба, при што со лажно прикажување и со прикривање на фактите го довела во заблуда правното лице од Куманово да склучат договор за соработка од 09.04.2024 и правното лице – застапник од Битола, како дистрибутер да изврши испорака на производи, информираат од МВР.