Среде туристичка сезона, коха Охрид иструга се полни со луѓе, несовесни возачи пијани возат по улиците.
-На 24.07.2025 во 03.14 часот на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.П. (23) од Струга. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „тојота” со струшки регистарски ознаки, што го управувал Д.П. и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 2,04 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило”, велат од СВР Охрид и додаваат:
-На 24.07.2025 во 02.20 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Октиси, патничко возило „рено” со струшки регистарски ознаки, управувано од М.Ш., удрило во бетонски столб, по што возачот бил пренесен во Општата болница во Струга. По извршено алкотестирање, утврдено е дека тој возилото го управувал со 1,93 промили алкохол во крвта, по што против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило”, се вели во соопштението од СВР Охрид.