Видеото на Тикток објевено од спортистка од Шпанија, учесничка на Европскиот младински олимписки фестивал во Македонија, што се споделува по социјалните мрежи како лоша слика за земјата, е од познат скопски хотел со четири ѕвездички. Ова на денешната прес конференција го потврди првиот човек на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димовски. Тој беше прашан да ја коментира снимката на младата спортистка која во видеото од хотелскиот тоалет сподели дупка од плафонот и распадната табла на подот.
„ХАХАХАХА не сме ни 72 часа, а покривот веќе ни паѓа врз глава #macedonia🇲🇰#juegosolimpicosjiveniles#techo“, напиша шпанската спортистка.
-Се работи за пукната цевка во еден скопски хотел, кој што е со 4 ѕвездички намокрен е плафонот и таблата од гипс картон паднала. Проблемот е саниран уште истиот ден и не претставува веќе никаква тема денеска, одговори Димевски.
Димевски се пожали дека веднаш штом било најавено дека ќе се одржува ваква голема манифестација во Скопје, хотелијерите двојно ги зголемиле цените.
Македонија деновиве е домаќин на Европскиот младински олимписки фестивал, најголем од овој вид според бројот на учесници.