СВР Охрид информира дека веќе нема д вози туристичкто вовче во Охрид, бидејќи превезува деца а нема лиценца.
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Т.(59) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”. На 19.06.2025 полициските службеници констатирале дека тој на пешачка зона на кеј „Македонија” неовластено управува импровизирано возило „воз” со четири вагони во кои се превезувале повеќе малолетни лица, односно не поседувал извод од лиценца за конкретното импровизирано возило „воз”, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, информираат од СВР Охрид.