Пожар се рашири на две куќи во центарот на Кочани, пренесе радио Кочани.
Засега нема информации за повредени и од што настанал. Во моментот има интервенција за гаснење на пожарот кој ветрот го шири.
ТВ канал7 информира дека денеска, пред 14 часот избувна пожар во семејна куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во централното подрачје на Кочани.
-Огнените јазици брзо се проширија на терасата мѓеу двата објета, заканувајќи се да се прошират. На лице место интервенираа екипи на Територијалната противпоажрна единица и на Доброволното противпожарно друштво од Кочани. Поради вдишување чад неколку лица со возило на итна медицинска помош беа префрлени во Општата болница со проширена дејност – Кочани. До 15 часот екипите сѐ уште беа ангажирани во гасењето, а се очекува по увидот на надлежните служби да биде соопштена причината за пожарот, инормираат од телевизијата.
Видеа од пожарот има на овоие линкови:
https://www.facebook.com/share/v/16yARiXiYT/https://www.facebook.com/reel/592007910399771