Дете е тешко повредено откако гостин пукал на семејна веселба во кичевско село.
-На 22.07.2025 во 02.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол. При семејна веселба во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. од пиштол испукал неколку куршуми, кои по одбивање од подот, повредиле 16 – годишно момче од селото Стрелци, кое било пренесено во Општа болница во Кичево. Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави, информират од СВР Охрид.