Состојки:
- 1 кг блитва
- 2 чешниња лук
- 2 јајца
- 10 лажици ренданa гауда или стопено сирење
- остро брашно
- 1 лажица сув зеленчук
- трошки од леб
Подготовка:
Сварете ја блитвата во солена вода. Добро исцедете ја, исецкајте ја и ставете ја во голем сад. Додадете рендана гауда или сирење, едно јајце, сув зеленчук, лук и презла по потреба додека не добиете смеса погодна за обликување ќофтиња. Потоа извалкајте ги обликуваните ќофтиња во брашното, јајцето и презлата. Пржете ги панираните парчиња во масло, ако не сакате пржење во масло, мој совет е да ги печете во рерна на хартија за печење.
Може да се чуваат во фрижидер уште еден ден, а може да се замрзнат доколку е потребно.