Маж од Њујорк, кој бил вовлечен во апарат за магнетна резонанца откако влегол во собата носејќи голем метален ланец околу вратот, починал, соопшти полицијата и неговата сопруга, која рекла дека тој и мавнал за последен поздрав пред неговото тело да омалакса, пренесува блиц.рс.
Мажот, 61, влегол во собата додека скенирањето било во тек во средата попладне во Отворениот МРИ центар во округот Насау, Њујорк. Силната магнетна сила на апаратот го привлекла поради металниот ланец што го носел околу вратот, според соопштението од полициската управа на округот.
Адријана Џонс Мекалистер изјавила во интервју за „Њуз 12 Лонг Ајленд“ дека правела скенирање на коленото кога го замолила техничарот да го повика нејзиниот сопруг, Кит, за да ѝ помогне да стане од масата. Таа исто така го викала сопругот да влезе внатре. Техничарот, како што изјавила, го донел нејзиниот сопруг во собата. Тој носел ланец од 10 килограми што го користел за тренинг со тегови и чија големина претходно била коментирана.
Штом се приближил до сопругата, апаратот го свртел, го повлекол внатре и удрил во апаратот за магнетна резонанца“.
-Му реков (на техничарот) да го исклучи апаратот, да повика брза помош, да го исклучи проклетото нешто. Тој се струполи во моите раце – рече жената во солзи.
Таа рече дека техничарот ѝ помогнал да се обиде да го симне сопругот од апаратот, но тоа било невозможно.
Жената додаде дека нејзиниот сопруг доживеал срцев удар откако конечно бил пуштен од апаратот. Отворениот МРИ центар не го коментираше случајот за АП во деновите по фаталниот инцидент.
Како што потсетува агенцијата, ова не е прва смрт во Њујорк како резултат на МРИ апарат.
Шестгодишниот Мајкл Коломбини од Кротон-на-Хадсон почина во 2001 година во Медицинскиот центар Вестчестер кога боца со кислород влета во комората, привлечена од 10-тонскиот електромагнет на апаратот. Во поднесена тужба од 2010 година се вели дека семејството ја решило тужбата за 2,9 милиони долари.
Машините за магнетна резонанца „користат моќно магнетно поле“ кое „врши многу силна сила врз предмети направени од железо, некои челици и други предмети што можат да се магнетизираат“, според Националниот институт за биомедицинско снимање и биоинженерство на САД, кој наведува дека машините се „доволно силни за да фрлат инвалидска количка низ просторијата“.