Во 2024 година, 27,0% од населението на ЕУ не било во можност да си дозволи една недела годишен одмор надвор од местото на живеење, соопшти Евростат.
Највисок процент на луѓе кои не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор е забележан во Романија (58,6%), во Грција (46,0%) и во Бугарија (41,4%).
Спротивно на тоа, само 8,9% од луѓето во Луксембург, 11,6% во Шведска и 13,0% во Холандија, не можат да си дозволат еднонеделен одмор.
Евростат не објави податоци и за државите кандидати за членство во ЕУ, меѓу кои е и Макеоднија. Последните достапни податоци објавени минатата година, покажуваат дека над половина од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор. Полошо од нас стојат Албанија, каде што 58,3% од граѓаните не можат да одат на одмор, Турција (60,8%), Црна Гора (67,2%) и Косово (69,5%).