Европратеникот Томас Вајц, кој е известувач во Европскиот парламент за Македонија, се пожали дека против него е покрената клеветничка кампа, а е и предмет на закани. Како што пишува БГНЕС, Вајц кажал дека неговиот телефонски број бил споделен со крајно десничарските групи на Телеграм, од каде што добивал закани, дури и смртни закани од бугарски националисти.
Зборувајќи за извештајот за Македонија, известувачот Вајц потсетува дека уставните измени се услов за започнување вистински преговори на Македонија за членство во Европската Унија. При тоа додава дека договорот со кој земјава се обврзува на уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот не се меѓу Бугарија и Македонија, туку меѓу Македонија и ЕУ.
„Извештајот ја покажува поддршката на мнозинството во ЕП за европската интеграција на Северна Македонија. Извештајот не дава никаква причина да не се спроведат уставните измени. Ова е договорот потпишан меѓу РСМ и Европската Унија“, нагласи Вајц.
Тој објасни дека забелешките на бугарските европратеници во процесот на подготовка на извештајот и бришењето на формулацијата „македонски јазик и идентитет“ не треба да се користат како причина за запирање на процесот на пристапување.
„Се надевам дека владата на Северна Македонија ќе ги исполни потребните услови“, додаде Вајц.