Претседателката, согласно Законот за управување со кризи, потпиша одлука за учество на дел од Армијата во гаснењето на пожарите.
-Ангажманот на припадниците на Армијата следи по прогласувањето кризна состојба од страна на Владата. Генералштабот на Армијата ќе го одреди начинот на нејзиниот ангажман. Претседателката е во тек со состојбата со пожарите и изразува загриженост и сочувство со засегнатите сограѓани, информираат од Кабинетот.