Кога сакате да подготвите нешто вкусно, хранливо и брзо, а да го задоволите целото семејство – нема подобар избор од едно старо, добро јадење: грашок со пилешко месо. Оваа класика од нашата кујна ја има онаа посебна моќ да нè потсети на детството, на мирисот од кујната на баба, на неделните ручеци што се јадеа со лажица… и љубов.
Комбинацијата од меко пилешко месо, свеж зеленчук и ароматичен сос е едноставна, а сепак полна со вкус. Се готви во едно тенџере, совршено и за почетници и за оние што сакаат “брзо, но домашно”.
Состојки:
- 400 g грашок
- 1 поголем кромид
- 1 морков
- 2–3 домати
- 3–4 компири
- 2 чешниња лук
- 350 g пилешко месо
- 5 лажици маслиново масло
- 1 литар врела вода
- сол, бибер, црвен пипер
- 1 лажица брашно (по желба, за згуснување)
Подготовка:
Пилешкото месо исечкајте го на мали парчиња. Во длабоко тенџере загрејте го маслото, па додадете го сечканиот кромид. Пржете неколку минути, додадете го лукот и пилешкото месо, и пржете додека месото не побели.
Потоа додадете ги сечканите домати и грашокот. Пржете неколку минути со постојано мешање.
Налејте малку врела вода, зачинете со сол, бибер и црвен пипер и оставете да се динста околу 20 минути. Додавајте вода по потреба.
Потоа додадете ги компирите исечкани на коцки, по желба додадете уште зачини и варете додека сè не омекне.
На крај, ако сакате погуста структура, додадете 1 лажица брашно и добро промешајте. Варете уште неколку минути.
Послужете топло.