Сплит и неговата околина утрово ги погоди невреме какво што досега не виделе. Невидено голема бура проследена со силен дожд и град.
Иако погледот на небото од раните утрински часови веќе укажувало дека можеби има невреме, жителите на Сплит не го дочекаа подготвено.
Сирените на службите за итни случаи се слушале на улиците на Сплит, жителите на Сплит масовно барале помош, пишуваат хрватските медиуми.
Силниот ветер корнел дрвја и гранки, превртувал канти за ѓубре, а делови од лим и фасади паѓале од згради. Делови од пошироката област на Сплит останале без електрична енергија, а сообраќајот во некои делови од градот бил речиси парализиран поради поплавени патишта и затнати одводи.
Автомобилите биле заглавени во водата, патиштата биле непроодни на неколку места, а семафорите на некои раскрсници не работеле. Возилата на пожарните кружат низ градот за да ги расчистат паднатите дрвја, гранките и другите предмети што ветрот буквално ги расфрлал на патиштата.
Граѓаните што се нашле на отворено се обидувале да најдат засолниште, додека некои биле заробени во автомобили. Сирените на пожарникарите одекнувале низ градот.
Граѓаните се во паника: „Мојата зграда се тресе“, „Дрвјата паѓаат“, објавија тие за порталот „Далмација Данас“.