Министерството за здравство го најавува воведувањето на новиот стандард „Жолто копче”, преку кој граѓаните ќе можат лесно, безбедно и транспарентно да пристапуваат до своите здравствени податоци, како што се општата здравствена состојба, медицински извештаи, алергии и нетолеранции, тековна терапија, дијагностички резултати, имунолошки статус и друго.
-Овие податоци се прикажуваат во формат на International Patient Summary – еден вид „пасош за здравствените податоци”, универзално разбирлив и технички усогласен документ што ги собира најважните здравствени информации за пациентот, соопштува Министерството.
Новата функционалност ќе биде достапна за граѓаните преку „МојТермин” до крајот на 2025 година, директно придонесувајќи за побезбедно управување со лични податоци, подобра грижа и полесна размена на здравствени информации во и надвор од земјата.