Возилото на Итната помош не успеа да стигне до Скопје со младиот пацинет од Кичево, кој почина по пат, откако со моторот се судрил со патничко возило од марката „Ауди“. Сообраќајката се случила вчера попладне, во 15:26 часот, на пресекот на улиците „Борис Кидриќ” и „Мирко Милески”, као што информираше СВР Охрид, помеѓу патнички автомобил „Ауди” со кичевски регистарски ознаки, управуван од А.Е.(22) од кичевското село Стрелци и моторцикл „Хамачи”, управуван од 17 годишно момче од Кичево.
-Моторциклистот, со тешки телесни повреди бил пренесен во клиниката „Мајка Тереза” во Скопје но при транспортот им подлегнал на повредите а доктор од Итната медицинска помош, констатирал смрт. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, врз телото на моторциклистот, ќе биде извршена обдукција, соопшти СВР Охрид.