И до сега имало напори во извештаи да се зборува за прашања како идентитетските, ситуации кога премиери добивале такви извештаи, но за тоа молчеле и лобирале. Така тие прашања не излегувале во јавност, туку се лобирало, се стекнувале пријатели и тоа не поминувало. Ова парафразирано е коментарот на поранешниот амбасадор во Романија, Андреј Жерновски во емисијата „Стадион“ на Канал 77. Жерновски одговори и на шпекулациите дека наводно премиерот Христијан Мицкоски е договорено, намерно го јавно го отворил прашањето за македонскиот јазик и македонските идентитет и со тоа им дал „ветер во грб“ на бугарските европратеници и нема искрена намера за евроинтеграција.
-Состојбите во Европскиот Парламент се одраз на серија прилики. Прво пристигна порака од полскиот амбасадор, кој рече „ако сакате да влезете во ЕУ, сте земја кандидат, тогаш ќе прифатите ЕУ декларација, и тогаш нема да правите коалиција со Орбан“, кој потоа добива шамар од ЕПП групацијата. Неминовно беше ова. Дали можеше да се превенира? Да. Дали укажувавме? Да. Прашањето е дали грешката е намерна или суштинска. Тоа треба да го дознаеме ако воопшто го дознаеме, рече Андреј Жерновски од СДСМ.
Жерновски вели дека токму ВМРО ДПМНЕ или имаме назадување или државата целосно излегува од колосек. Според него, факт е дека Бугарија ни го оспорува идентитетот, но зошто имаше потреба да се бара идентитетот, кога овие прашања се затворени, праша Жерновски.
-Не е дека само однадвор и сами знаеме да посегнеме по идентитетот. Во време на Груевски станавме антички Македонци. Во време на Мицкоски сме модерни македонци. Ние сме се’ само не Македонци. Ако сами си кажете, им давате оружје на непријателот. Што имаше потреба да се отвора прашањето?! Се затвори прашањето на македонски идентитетот и македонскиот јазик. Сосема рутински одеше овој извештај во коридорите додека Мицкоски непотребно не го отвори прашањето. Не се коментираат тие прашања. Не е единствен премиер каде доаѓале такви извештаи. Кога доаѓа тие праша молчите и лобирате, а тој го отвори и им дадовте орујже. Бугарите тоа го искористија. Ве уверувам дека извештајот ќе поминеше. Тоа е затворено прашање. Излегоа коментираа и се отвори Пандорината кутија. Премиерот влезе во таа замка. Дали е намерно? Ако немаше чувство и осет, тоа е сериозен проблем, ако е намерно се отвора друг проблем, но ако е случајно неумешно е. Во сериозна каша сме. Филипче зборуваше со челниците на ЕУ, лобираме, кажа Жерновски.
За односот на државата кон ЕУ, според Жерновски зборува и фактот дека Македонија нема амбасадор во земјата кога започна со претседавањето со ЕУ – Данска и праша која е земјата без амбасадор во земјата претседавач?
Во однос на извештајот за Македонија во ЕП, што погрешно се идентификува дека е ист како тој на ЕК, но ја доловува атмосферата во Брисел, бидејќи европратеникот не го пишува без координација со Комисијата. Жрновски рече дека до сега нема видено таков вординг во еден извештај, како отворени критики за партизација, за тнр. „Српски свет“, за влијание… и додаде: „Зарем претходно немаа желби бугарските или грчките европратеници, но лобирате и стекнувате пријатели“.