До Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода што се случила во близина на Суботица, во која животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година.
-Во незгодата е повредено уште едно лице, исто така македонски државјанин, кое со тешки повреди е хоспитализирано на одделението за реанимација во клиничкиот центар. Амбасадата е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел навремено завршување на сите неопходни административни постапки за транспорт на посмртните останки во Република Северна Македонија, информираат од МНР.
Според српските медиуми во сообраќајката што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица, еден државјанин на Северна Македонија загинал, додека друг се здобил со тешки телесни повреди, пишува РТС.
-Возило „Киа“ со македонски таблички, кое се движело по автопатот кон Хоргош, излетало од патот, а потоа се превртело. Во несреќата загинал патникот Н. А. (39), додека возачот А. А. (60) бил тешко повреден и пренесен во болницата во Суботица.