На две сцени и над 40 изведувачи, вечерва и официјално започнува долгоочекуваниот „Д-фестивал“ – културниот бренд, што според организаторите Штип ќе го претвори во центар на музиката. Овогодинешното издание на фестивалот, кое се случува по 15. пат носи рекорден интерес и повеќе од забава, а во фокусот на истиот оваа година ќе биде хуманоста. Собраните средства ќе бидат насочени како поддршка за настраданите од несреќата во Кочани, а со тоа „Д фестивал“ оваа година, ќе биде запамтен не само по музиката, туку и по солидарноста. Стартот е закажан за во 17 часот.
-Чест ми е што Штип ќе биде домакин на „Д фестивал“, но и на многу посетители, коишто овој викенд ќе бидат дел од најдобрата забава од „Д фестивал“ и ќе присуствуваат во нашиот град. Како ретко кој друг град, Штип може да се пофали со најбогатата музичко, културно програма во текот на годината, а доказ за тоа е „Д фестивал“, кој што 15. издание го организира токму во центарот од истокот. Очекуваме бројни посетители, убава забава, да бидеме добри домаќини. Сите сместувачки капацитети се резервирани, исполнети, рече Јорданов.
Топла покана до сите граѓани, упатуваат и организаторите. Нела Пешовска потенцираат дека оваа година од 4 до 6 јули ќе има преку 40 изведувачи на двете сцени. Инаку, во сите три дена ќе може да се слушне музика за сечии вкус, како со изведувачи од Македонија со македонска музика, така и со изведувачи од странство, а во Штип дојдат и музичари и бендови од Јамајка и Естонија.