Да, возилото е мое, но не сум јас таа што паркира над друго возило, вели д-р Маја Кирјас за ММС по објавата дека утрово во скопската населба Капиштец нејзиното возило е пронајдено паркирано врз друго возило.
Таа на Фејсбук објави видео на кое се гледаат и двете оштетени возила и напиша:
-Возилото е мое, на лизинг е уште. Паркирано уредно. Позади паркирано друго возило! Во шест часот од гостилница “ Дукат” слушаат силен удар од трето возило кое ги удира возилото позади мене и моето „нисан“ возило! Уредно паркирано пред зграда каде живеам. Снимката за жал покажува се.. Се срамам каде живеам, напиша д-р Кирјас.
Таа за ММС изјави дека е разочарана од многу неточни информации, кои се пренеле во медиумите, дека токму таа го паркирала автомобилот така.
-Навистина сум разочарана. Ми кажа таксист дека некој возач во шест часот наутро со некој стар автомобил удрил и избегал. За да се направи ваква штета којзнае колку возел. И што доколку имаше пешак? Ќе беше мртов на место! А да имаше некој во „бубата“? Тоа бил толку силен удар, поинаку не е можно да бутнеш кола под мојата. Страшно и срамно. А двата авомобили уредно сме паркирани. Па тој не може да е нормален, или е пијан или е дрогиран. Пријавивме во полиција и чекаме да го најдат сторителот. А бидејќи има камери може лесно да се најде. Само камери на сите патишта. Повикавме полиција, им благодарам веднаш дојдоа и се надевам дека што побргу ќе го најдат тој што го направил овој хаос, вели д-р Кирјас за ММС.