Вчера вечерта во Скопје се случила сообраќајка во која скопјанец го загубил животот.
-На 01.07.2025 околу 19.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова” во Скопје, мотоцикл „кавасаки” со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Х.И.(26) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Од здобиените повреди, Ј.Н. починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
На социјалните мрежи веќе се објавува дека човекот кој е усмртен фрлал ѓубре, моторот бил без регистрација, а моторџијата бегал од полиција.