Вооружени престрелки, тепања, закани и изнуда активност на криминална група, фокусирана на контрола на продажните места на лукумадес на популарните плажи во Ситонија, на вториот крак од Халкидики. „Лукумадес мафија“ во Ситонија беше разбиена, а вчера 42-годишен маж беше испратен во затвор откако беше осуден на вкупно 16 години затвор.
Апелациски суд за кривични дела во Солун, го осуди лидерот на криминална група која вршела изнуда за контрола на продажните места на лукумадес на прометните плажи на Ситонија, а биле вклучени уште неколку чица во случаи на изнуда, трговија со луѓе и други кривични дела.
Во контекст на истрагата на случајот, во 2022 година е поднесена кривична пријава против вкупно 12 лица на возраст од 17 до 52 години за соодветните кривични дела криминална организација, изнуда, трговија со луѓе, прекршување на законодавството за спречување и сузбивање на перење пари и прекршување на Законот за оружје. Покрај осудениот 42-годишник, за овие дела прогласени за виновни се четири члена на групата, како и уште седум други, според истрагата, негови соучесници.
Како што покажа истагата, 42-годишникот формирал и раководел со криминална група, меѓу чии членови биле четворица од горенаведените. Како дел од нелегалните активности на групата, тој ги принудувал Албанци да работат во негово име како продавачи на лукумадес, без дозвола од надлежниот орган на 19 плажи во вториот крак на Халкидики.
За да ги поседуваат и искористат исклучиво најпрофитабилните места на преполните плажи, тие користеле методи и практики на изнудување. Поточно, откриено е дека во најмалку седум случаи, членовите на криминалната група се заканувале по животот и физичкиот интегритет, предизвикале телесни повреди и користеле огнено оружје против други продавачи на плажи, сопственици на крајбрежни продавници за здрава храна и вработени во приватни компании за обезбедување.
Се забележува дека во еден од горенаведените случаи, 42-годишникот бил уапсен од страна на полициски службеници на Одделот за безбедност Полигирос за обид за убиство што се случил со помош на неговите соучесници, во област на Халкидики во јули 2021 година. Полициската истрага од страна на Одделот за гонење изнуда при Управата за безбедност во Солун ги идентификувала деталите за двајца од соучесниците во овој случај, кои биле членови на криминалната група.
Што беше одлучено вчера?
Судот вчера го прогласи 42-годишникот за виновен за повторена изнуда, бандитска активност и низа прекршоци. Осуден е на казна затвор на вкупно 16 години затвор. Со истата одлука, тој беше ослободен од две кривични дела за кои беше обвинет, поточно обид за убиство на уличен продавач и трговија со луѓе, поврзани со условите за работа на странски улични продавачи.
Уште 11 лица беа изведени на суд, од кои некои беа ослободени, а некои беа осудени на затворски казни кои беа или заменети со парични казни или условни по жалба.
Полициската истрага за активностите на таканаречената „локумадес мафија (мафија на крофни)“ започна по истрагата за обид за убиство против продавач на крофни во областа Никити (за што 42-годишникот беше ослободен). Обвинението од повеќе страници вклучуваше дела извршени помеѓу мај и септември 2021 година. Главниот обвинет ги негираше сите дела.