Нова светска војна, нов светски поредок, беше темата на денешното издание на емисијата „Стадион“ на Канал 77, каде гостин беше професорот на УГД, Дејан Маролов.
-Во светот моментлно се случува креирање на нов светски поредок. Светот се движи од таа униполарност, каде имаше една доминантна сила, кон мултиполарен свет. Со тоа што се уште има една доминантна сила, но има веќе сериозни конкуренти, како Кина на пример. Сите сме за мир, но во исто време сме и реалисти. Интересно е, но со доаѓањето на Трамп почна да се зборува за мир во Украина, а претходно никој не зборуваше за тоа, рече тој и додаде:
-Тој се претставува како миротворец, но иронијата ни покажува дека токму тој нареди воена интервенциј во Иран, а тоа го правда со пораката за мир. Во говорот на НАТО самитот ја поистовети интервенцијата со Хирошима и Нагасаки. Нуклеарното оружје се користи за одвраќање и секоја поголема држава сака да ја има заради поголема безбедност. Друга работа е каков е ржимот во таа држава. Има една контраверзна теорија која вели колку повеќе држави имаат нуклеарно оружје толку побезбеден свет. Но, колку ние сме рационални како луѓе, рече професорот Маролов.
Погледнете го целото интервју со професорот Маролов во видеото: