Џеф Безос и Лорен Санчез се венчаат вечерва на венецијанскиот остров Сан Џорџо, кој е затворен за јавноста шест дена поради подготовките. Суперјахтата на Безос, „Кору“, е биде прикотвена во близина и се користи како база за прославите. Цената на тридневната свадба надминува 10 милиони долари, а за превоз на гостите се изнајмуваат помали бродови.
Венецијанците протестираат поради блокадата на градот, а ситуацијата стана уште позагреана поради донациите што наводно веќе се исплатени на градските власти. Локалните активисти ги обвинуваат властите дека „ја продаваат Венеција како проститутка“.
Од друга страна, свадбата носи профит за локалната економија – сите луксузни хотели се резервирани, а водното такси и услугите за кетеринг се во полна функција. Организацијата ја води ексклузивната лондонска агенција „Lanza & Baucina“, позната по луксузните и дискретни настани на познати личности, вклучувајќи ги и свадбите на Џорџ Клуни и Салма Хајек.
Лорен носи венчаница од „Оскар де ла Рента“, а Ана Винтур наводно ѝ помогнала да ја избере. Гости се познати личности од светот на бизнисот и шоу-бизнисот. Вчера имаше гала вечера со свеќи во венецијанскиот манастир, а утре, по свадбата – уште една голема забава во вилата.
Иако и самите се милионери, од гостите беше побарано да ги донираат парите што би ги дале за подароци за хуманитарни цели. Гостите ќе добијат венецијански сувенири како подароци – чаши од мурано стакло и традиционални колачи, пренесува ало.рс.