Објавено е видео од забавата на јахтата „Кору“, организирана од Џеф Безос и Лорен Санчез во близина на Крес, неколку дена пред свадбата во Венеција, пренесува индекс.хр.
Двојката организираше забава со пена со пријателите, а воедно го прослави и 19-тиот роденден на синот на Лорен, Еван.
Погледнете го видеото:
Двојката организира тридневна прослава на која се собираат познати и моќни гости, а гостите почнаа да пристигнуваат во градот. Според странските медиуми, меѓу гостите се Ким Кардашијан, Крис Џенер, Иванка Трамп и Џаред Кушнер, инвеститорот Мајкл Кивес со сопругата Лидија, како и Бери Дилер и Дајан фон Фурстенберг. Безос и Санчез сакаат нивната свадба да биде „свадбата на сите свадби“.
Нивното пристигнување го налути локалното население, кое вели дека „градот под заштита на УНЕСКО не е игралиште за милијардери“.
Безос (61) и Санчез (55) наводно резервирале најдобри хотели во градот за списокот со гости полни со ѕвезди. Најмалку 95 приватни авиони побарале дозвола за слетување на аеродромот Марко Поло во Венеција, пишува „Кориере дела Сера“.
Раскошната прослава предизвика многу прашања во Венеција, каде што некои стравуваат дека толку многу гости и нивната придружба ќе го влошат животот во градот што веќе се дави под тежината на туристите.
Активистите во понеделникот развија транспарент во црквата „Свети Марко“ со слика од Безос како се смее и зборовите „ако можете да ја изнајмите Венеција за вашата свадба, можете да платите повеќе даноци“, пренесува телеграф.рс.