Земјотрес со јачина од 4,4 степени и траел само неколку секунди, бил почувствуван изутрината во Албанија со епицентар во Камез, на длабочина од 8 километри.
Како што соопшти Сеизмолошката оперваторија при ПМФ, земјотресот е почувствуван и во југозападна Македонија.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 5 часот и 04 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од Република Албанија, на околу 158 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.5. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Последните денови се резистирани помали потреси во овој дел на државата, чиј епицентар е во Албанија.