Поради настаните на Блискиот Исток, Амбасадата на САД во Атина соопшти дека го одлага одбележувањето на Денот на независноста, објави Катимерини. Свеченоста беше закажана за пладне во среда, 25 јуни, во Концертната сала во Атина. Исто така, одложена е и прославата за 2 јули во Солун.
Во продолжение соопштението на амбасадата на САД во Грција:
„Со оглед на сериозноста на настаните на Блискиот Исток, Мисијата на САД во Грција ја одложува прославата на Денот на независноста закажана за 25 јуни, како и настанот во Солун на 2 јули. Им се заблагодаруваме на сите наши гости за нивната континуирана соработка со Мисијата на САД во Грција“ соопшти Амбасадата на САД во Атина.