Бојана Скендеровски го најавува својот прв солистички концерт кој ќе се одржи на 13 декември во магичниот амбиент на Македонската филхармонија.
Овој концерт ќе биде повеќе од музичко случување – патување низ времето и емоциите, една нежна љубовна приказна во која Бојана ќе ги претстави најубавите песни од својата досегашна кариера. Концертот е своевиден заокружувачки момент на една убава и инспиративна музичка приказна, кога на сцената ќе оживеат и ќе се испреплетат најдлабоките чувства, сеќавања и мигови кои ја обликувале уметничка патека на Бојана – песните кои раскажуваат за среќата и болката, за љубовта и предизвиците, за миговите што ја обликуваа нејзината уметничка душа.
Од првата нота на „Дилема“, преку длабоките чувства во „Лажни светови“ и „Зборови лажни“, па сè до топлината на „Среќа и несреќа“ и нежноста на актуелната „Дома“ – секоја песна е дел од нејзината приказна, раскажана со чистина и искреност што допира до срцето. Во прекрасниот амбиент на Филхармонија, публиката ќе ужива во можноста да доживее интензивен емоционален свет, исполнет со мелодии што ја допираат душата и зборови што остануваат во срцето. Со својот чист и искрен глас, Бојана ќе ги раскаже приказните што ги носи во себе – приказни за љубов, надеж, предизвици и исполнување.
Овој концерт ќе биде повеќе од музичка вечер – тоа е славење на патот што Бојана го минала како уметник, подарок за сите оние кои ја следеле и поддржувале, но и ветување за нови почетоци и нови за нови музички хоризонти што допрва ќе ги открие.